Дома Фудбал Останато Откриено седум години подоцна – Еве како Рибери му пронашол ангажман на својот брат

Откриено седум години подоцна – Еве како Рибери му пронашол ангажман на својот брат

ribery

Помладиот брат на Франк Рибери во 2010 година имал проблем со настапот во францускиот клуб Авирон, но тука бил познатиот фудбалер за да го спаси својот брат.

Рибери побарал од својот агент, Кристоф Уто да пронајде ангажман за неговиот помлад брат. Кога Уто успеал во тоа, проблем биле примањата, но се било решено со договор помеѓу фудбалерот на Баерн и Авирон.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Оваа приказна седум години подоцна ја потврди и претседателот на клубот, Жан-Пјер Менар.

„Франк Рибери ни ја уплати платата за неговиот брат, а таа изнесуваше помеѓу 33.000 или 35.000 евра“, изјави Жан Пјер Менар и додаде.

„Членовите на управниот одбор се сретнаа со Франк и се договорија. На крајот, тој уплати 40.000 евра на сметката на клубот, таа сума во текот на годината беше исплатена преку платата на неговиот брат“, открува Менар.

После епизодата во Авирон помалку познатиот Рибери немал понатамошни ангажмани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн има план: Го сака Зидан за тренер, во Минхен може да се врати и клупската легенда!

Баерн Минхен е во потрага по нов тренер бидејќи Томас Тухел заминува на крајот од сезоната…