Дома Фудбал Откриено првото име за селектор на Италија, одлуката „паѓа“ во мај

Откриено првото име за селектор на Италија, одлуката „паѓа“ во мај

Репрезентацијата на Италија по катастрофата против Шведска е во потрага по нов селектор и изгледа дека е познато името на човекот кој е прв кандидат.

После заминувањето на Вентура, однозно отказот, на клупата на Италија како привремено решение седна поранешниот фудбалер на Рома и Интер, Луиџи Ди Биаџо кој претходно работеше со младинската селекција.

Легендата на италијанскиот фудбал Алесандро Констакурта за медиумите откри која е првата цел на сојзуот.

„Анчелоти? Се надеваме дека ќе биде во можност да ни помогне. Имаме група на добри тренери, чекаме да се заврши сезоната и во мај ќе ја донесеме конечната одлука“, изјави Костакурта.

Според оваа негова јасно може да се заклучи дека Карло Анчелоти е првиот избор за селекторското место на „Аѕурите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…