Дома Фудбал Останато Откриено: Нејмар имал јасна цел уште кога пристигнал!

Откриено: Нејмар имал јасна цел уште кога пристигнал!

Приказната помеѓу Нејмар и Кавани изгледа дека има длабока позадина…

Сега во француските медиуми се пишува дека Нејмар имал за цел ПСЖ да го продаде Кавани и на негово место да го доведе Алексис Санчез уште ова лето, но целата работа ја расипал Чилеанецот со своите огромни побарувања.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Наводно, Нејмар сметал дека Кавани треба да биде продаден и да се доведе Санчез.

Се што случуваше на стартот од сезоната веројатно било последица на ова барање на Нејмар, па Кавани добил потреба да покаже незадоволство во соблекувалната.

Да потсетиме, Кавани му обратил на Санчез со зборовите: „Што мислиш кој си, Меси? Овде не можеш да изигруваш ѕвезда“.

Сепак, Кавани изгледа дека нема никакви шанси во оваа „војна“, тој веројатно во Париз ќе остане уште оваа сезона. Уругваецот има 30 години, а Санчез и понатаму е мета.

Сонот на Кавани е Реал Мадрид, но тоа е малку веројатно, се шпекулираше и дека би можел во Баерн како замена за Роберт Левандовски, но како реална опција се споменуваше и враќање во Наполи каде што би останал до крајот на кариерата.

Проблем е неговата плата од 10 милиони евра, наводно има понуда од Челзи, но го посакува Конте кој веројатно ќе го промени клубот наредното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…