Се поизвесно е дека Килијан Мбапе на крајот од оваа сезона ќе потпише договор со Реал Мадрид, но сите детали се уште не се понати.
Би било големо изненадување доколку Мбапе летово не стане играч на Реал Мадрид, посебно откако самиот потврди дека сигурно заминува од ПСЖ. Меѓутоа додека Мбапе, Реал и ПСЖ молчат на оваа тема се огласи претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тебас јасно порача дека францускиот голгетер пристигнува во Париз.
„Мбапе следната сезона ќе игра во Реал Мадрид, тоа е сигурно, договорот е потпишан“, изјави Тебас во интервјуто што го објави аргентинскиот спортски дневен весник „Оле“.
Реал со Мбапе веројатно ќе го има најсилниот тим на светот.
„Мбапе е еден од најдобрите играчи во светот, а Реал веќе ги има Винисиус и Белингем, па така ќе имаат навистина силен тим“, изјави Тебас.
Исто така Тебас најави и дека договорот кој го потпишал Мбапе ќе биде на пет години.
Реал ја освои титулата во шпанското првенство, но на 1. јуни во Лондон го чека финалето од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд, која ги елиминираше токму ПСЖ и Мбапе.
🗣️ Tebas: “Mbappe already signed with Real Madrid. He will be here next season and for the next five seasons in Spain.” pic.twitter.com/SQ1EuqVHtk
— Madrid Xtra (@MadridXtra) May 14, 2024