Кошмарната елиминација на Барселона од Лигата на шампиони го натерала Меси сам да му се јави на Пеп Гвардиола, открива „Дејли Мејл“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Барселона прими 8 гола од Баерн Минхен во четвртфиналето и тоа ја прелило чашата и трпението на Лионел Меси. Аргентинецот му се јавил на својот поранешен тренер за да го сподели разочарувањето. Тој разговор е всушност основа за евентуалниот негов трансфер во Манчестер Сити.
Неколку дена подоцна Меси и официјално преку факс побара раскинување на договорот со Барселона, а медиумите тврдат дека неговите адвокати веќе работат на тоа.
Манчестер Сити чека да види дали Меси ќе успее да се ослободи од Барселона и да го донесе на „Етихад“ како слободен агент. Во спротивно „граѓаните“ се спремни да испратат понуда до клубот од „Камп Ноу“.
Гвардиола и Сити веруваат дека сега имаат голема шанса да го донесат еден од најдобрите фудбалери во историјата и не сакаат да ја пропуштат таа шанса.