Дома Фудбал Откриено колку заработува Рамос во ПСЖ

Откриено колку заработува Рамос во ПСЖ

Дефанзивецот на ПСЖ, Серхио Рамос добива годишна плата од 6 милиони евра нето, пренесува еминентниот „Екип“.

Шпанецот кој се уште нема ниту една одиграна минута за ПСЖ е еден од најдобро платените фудбалери кај „светците“. Меѓутоа, бившиот капитен на Реал Мадрид не добил бонуси при потпишување за ПСЖ како слободен агент.

35-годишниот дефанзивец пристигна како слободен агент во Париз и потпиша договор до 2023 година.

Вчера Рамос за прв пат одработи цел тренинг со своите соиграчи во ПСЖ и најверојатно после репрезентативната пауза ќе дебитира за новиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даде 38 гола, но остана без Мундијал: Далиќ повторно под лупа поради Белјо

Изоставувањето на напаѓачот на Динамо повторно отвори дебата во Хрватска. Новинарот Вице К…