Минатото лето силно се шпекулираше со трансфер на Лука Модриќ во Милан и агентот на хрватскиот плејмејкер преговараше со „росонерите“.
„Калчомеркато“ пишува дека Модриќ бил спремен да го засили Милан ова лето, но заминувањето на неговиот идол и сонародник ги променило работите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Извор близок до фудбалерот откри дека Модриќ им дал збор на „росонерите“ и се било договорено ова лето да се пресели на „Сан Сиро“, но заминувањето на Звонимир Бобан ги променило работите.
„Модриќ беше многу близок со својот идол и никогаш не криел дека навиваше за Милан како дете. Тој сакаше да се пресели во Милано ова лето, една година пред истекот на договорот со Реал, но со заминувањето на Бобан работите се променија. Нема повеќе контакти помеѓу Лука и Милан, па Модриќ сигурно ќе го одработи до крај договорот со Реал“, открива извор близок до Хрватот.
Најдобриот играч во светот за 2018 година има договор со Реал Мадрид до јуни 2021 година.