Најдобриот играч и стрелец на црногорската репрезентација, Вуко Борозан, на 18 декември минатата година во сообраќајна несреќа се здоби со повреда на рамото и бутниот мускул поради што ќе го пропушти Европското првенство.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ова беше официјалната информација од Ракометниот сојуз, но денеска медиумите излегоа со информации дека вистината за повредата на најдобриот спортист на Црна Гора е поинаква.
Како што пишуваат црногорските медиуми, повикувајќи за на полицискиот билтен, Борозан паднал преку банкина кога излегувал од автомобилот.
„Борозан повредите ги добил кога на магистралниот патен правец Цетиње-Подгорица, во месноста Добрско Село, излегувал од возилото, кое го управувала неговата свршеница, се сопнал преку банкината и паднал“, стои во полицискиот билтен кој на увид го имала редакцијата на весникот „Вијести“.