Дома Топ вести Откриени трите главни трансфер мети на Барса!

Откриени трите главни трансфер мети на Барса!

Каталонските медиуми се занимаваат со можните засилувања на Барселона за новата сезона и ги откриваат трите главни мети на клубот за следното лето.

Во клубот сакаат да го вратат стариот сјај на „Ла Масија“ која во 21 век исфрли неколку чудесни фудбалери. Меѓу нив се и Ектор Белерин и Тиаго Алкантара, побегнатите „синови“ кои ги „украдоа“ Арсен Венгер и Пеп Гвардиола.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белерин, инаку роден во Барселона, замина во Лондон на 16 години, исто како и Фабрегас. Приоритет на Каталонците е доведеување на десен бек, па Белерин е прв на листата желби.

Арсенал сигурно ќе се противи на овој трансфер, но „Мундо Депортиво“ пренесува дека каталонскиот клуб е спремен да плати 40 милиони евра за неговиот потпис.

Нешто потешка работа ќе има Барселона во обидот да го врати еден од најдобрите играчи за врска во светот во моментов Тиаго Алкантара. Младиот фудбалер замина во Баерн пред три и пол години и веднаш стана миленик на Гвардиола, а потоа и на Анчелоти. Алкантара е носител на играта на Баерн и е неизоставен дел од стартниот тим.

Третата голема желба на Каталонците се нарекува Усман Дембеле. Неверојатниот 19-годишен играч на Борусија е желба на веројатно сите големи клубови, а Барса го следи уште кога играше во фрацуската лига.

Младиот фудбалер наводно веќе му кажал на спортскиот директор Фернандез преку својот агент дека не сака да дојде во Барселона бидејќи не сака да седи на клупата. Меѓутоа „Мудно Депортиво“ тврди дека дека поради него клубот би можел од традиционалната 4-3-3 формација да прејде перманентно во 3-4-3 со која беше направен историскиот пресврт против ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…