Антонио Конте го предводеше Интер до титулата шампион на Италија и така ја прекина доминацијата на Јувентус во Серија А.
Интер ја освои титулата на четири кола пред крајот, па сега раководството и Конте прават планови за следната сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Познато е дека „нероаѕурите“ имаат големи финансиски проблеми, па главната цел ќе биде да се задржат сите ѕвезди и да не се растура костурот на тимот.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека е направен список од неколку фудбалери кои можат да пристигнат на „Џезепе Меаца“ како слободни агенти или како ефтини трансфери.
Прв на листата е Един Џеко кој се очекува да го раскине договорот со Рома. Познато е дека Конте во него гледа идеална алтернатива за Лукаку и Лаутаро и смета дека ќе му помогне на тимот да направи исчекор во Европа.
Во одбраната треба да пристигне Никола Максимовиќ од Наполи, исто така како слободен агент, а прва мета на левата бековска позиција е Емерсон Палмери од Челзи чија цена изнесува 15 милиони евра.
Конте бара нов голман, а прва желба е чуварот на мрежата на Удинезе, Хуан Мусо.