Пари Сент Жермен, Манчестер Сити и Милан се трите клуба кои потрошиле најмногу пари на трансфер пазарот минатото лето. Тоа го покажаа документите на УЕФА кои јавно беа објавени денес.
Сите клубови во Европа на трансфери потрошиле точно 5,6 милијарди евра, што претставува нов рекорд. 80% од тие пари биле потрошени од клубовите во најсилните 5 европски првенства – Премиер лигата, Примера, Серија А, Бундес лигата и Лига 1.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пари Сент Жермен е клубот кој потрошил најмногу за нови засилувања или точно 418 милиони евра. Потоа следи Манчестер Сити со потрошени 249 милиони на трансфери, а на третото место е италијанскиот гигант Милан со 235 милиони евра.
Најмногу пари потрошиле клубовите од Англија, или точно 1,7 милијарди евра, па следува Италија со потрошени 867 милиони евра.
Тимот кој заработил најмногу на трансфери минатото лето е францускиот шампион Монако. Имено, тимот од „кнежевството“ продал фудбалери во вредност од 256 милиони евра, а потрошил 102 милиони евра.