Белгискиот весник „ХЛН Спорт“ тврди дека всушност Еден Азар ќе го чини Реал Мадрид 160 милиони евра, а не како што беше досега познато, 100-115 милиони.
Минатата година во јули тој пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ од Челзи и може да биде најскапиот трансфер во историјата на „кралскиот“ клуб.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За споредба, за Герет Бејл „кралевите“ платија 101 милиони евра во 2013 година, а за Кристиано Роналдо 94 милиони евра во 2009 година.
Според изданието, во договорот меѓу Реал и Челзи стои дека сумата мора да се плати на три рати – 40, 56 и 64 милиони евра, првите две се веќе платени, а последната е планирана за 2021 година.
Се уште нема официјална потврда за информациите на „ХЛН Спорт“. Азар добива 14 милиони евра годишно, а има договор за уште четири сезони. Сепак, неговата прва сезона во Мадрид не беше за паметење, откако долго време се опоравуваше од повредата.