Дома Трансфер зона Откриени детали: Познато колку Белингам ќе заработува во Реал

Откриени детали: Познато колку Белингам ќе заработува во Реал

Се погласни се најавите дека Џуд Белингам ќе биде првото големо засилување за Реал Мадрид во летниот преоден рок кој следи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неодамна беше објавено дека Белингам постигнал договор со Реал Мадрид (ТУКА), но освен дека тој наводен договор би имал важност до 2029 не се откриваа повеќе детали од другите услови. Сега „Билд“ објави дека Белингам во Реал би заработувал 17.4 милиони фунти годишно или 334.000 фунти неделно.

Со оваа плата Белингам би бил втор најплатен фудбалер во Реал Мадрид по Еден Азар за кого „кралевите“ прават се за да се ослободат од него.

Претходно, беше објавено дека 19-годишникот ја одбил понудата од Борусија Дортмунд која изнесувала 230.000 фунти неделно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…