Дома Топ вести Откриени детали од договорот на Савиќ: За италијанските клубови откупна клазула – ИМА!

Откриени детали од договорот на Савиќ: За италијанските клубови откупна клазула – ИМА!

savic

Србинот од редовите на Лацио, Сергеј Милинковиќ Савиќ денес стави потпис на нов договор со клубот од Рим.

Савиќ сега е обврзан со Лацио до 2023 година. Иако на почетокот се тврдеше дека во договорот на Србинот нема откупна клазула, сепак вечерва се појавија детали според кои фудбалерот успеал да договори таква ставка во договорот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Но, цената нема да биде ниска, ако некој италијански клуб го сака Сергеј може да го има цена од 100 милиони евра! Кога во прашање се клубовите кои не доаѓаат од „чизмата“ Лотито го задржа правото на преговори.

„Спортмедијасет“ открива и детали за неговите примања. Како и што се очекува Сергеј доби покачување, па сега место досегашните 1.8 милион евра по сезона ќе добива три милиони евра не сметајќи ги бонусите.

Повеќе платен од српскиот играч за врска ќе биде Чиро Имобиле кој исто така денес го продолжи договорот, неговата заработка изнесува 3.2 милиони евра по сезона.

Ќе потсетиме со Савиќ од Италија се поврзуваа екипите на Милан и Јувентус.

https://www.youtube.com/watch?v=a4YScaF4xGc&t=1s

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…