Дома Фудбал Англија Откриена „шемата“ со која Сити го заобиколувал Финансискиот фер-плеј

Откриена „шемата“ со која Сити го заобиколувал Финансискиот фер-плеј

Англискиот шампион Манчестер Сити потрошил 1,1 милијарда евра на нови фудбалери во последните четири години, но во исто време разработил план за да ги заобиколи правилата на Финансискиот фер-плеј, пренесува „Шпигел“.

„Football Leaks“ открива дека „граѓаните“ направиле специјален пат на парите за да бидат заобиколени рестрикциите, а со тоа го спроведувал генералниот директор Ферано Сориано.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сето ова се случувало уште од 2008 година и со лична согласност од сопственикот, шеикот Мансур. Според „Шпигел“ шеикот сам ја обезбедувал сумата на пари кои потоа влегувале во клубот преку спонзорски договори.

На пример 60-те милиони финти од договорот кој Сити го има со компанијата „Етихад“ биле лични пари на сопственикот, кој така ги внесол во клубот.

Исто така одредени играчи и тренерите не биле плаќани од клупската каса, туку од „Алџезеира“, во која потоа сопственикот Мансур лично ги внесувал парите.

„Шпигел“ најави дека во следните четири дена ќе објавува подробности и ќе ги откри сите детали од шемата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…