Дома Фудбал Откриена точната сума која Мбапе ја добива од ПСЖ

Откриена точната сума која Мбапе ја добива од ПСЖ

Авторитетниот американски магазин „Њујорк Тајмс“ ја откри точната сума која Пари Сент Жермен ќе му ја плаќа на ѕвездата Килијан Мбапе.

Мбапе во јуни стави потпис на нов договор и се обврза на верност до 2025 година.

За три години Мбапе ќе добие вртоглава сума од 250 милиони евра. Годишната плата на напаѓачот изнесува рекордни 83 милиони евра бруто.

Притоа, Мбапе ќе добие 125 милиони евра под формата на бонус за потпишувањето на договорот со кој ПСЖ го убеди да остане во Париз, наместо да се пресели во Реал Мадрид.

Во меѓувреме Мбапе даде интервју за „Њујорк Тајмс“ во кое тој објаснува дека не останал во ПСЖ за пари и не ја затвори вратата во иднина да се пресели во Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус повторно гледа кон Тотенхем: Удоџи е опција за јануари

Дестини Удоџи е меѓу решенијата за левата бековска позиција во Јувентус, а евентуален тран…