Адриен Рабиот дефинитивно одлучи да ги напушти редовите на ПСЖ на крајот од оваа сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанските медиуми неодамна објавија дека овој фудбалер ги договорил личните услови со Барселона, а причината за заминувањето е едноставна.
Рабиот е лут на тренерот Томас Тухел откако овој го казни поради доцнење на тимски состанок пред големото дерби со Марсеј.
Германскиот стручњак го казни Рабиот со оставање на клупата, а тоа многу го налутило и одлучи да го напушти клубот по крајот на сезоната.
Наводно Рабиот бил блиску до продолжување на соработката со ПСЖ. Но како што стојат работите тоа нема да се случи и Рабиот ќе го напушти Паркот на принцевите.