Хамес Родригез на крајот на сезоната сигурно ќе го напушти Реал Мадрид, а шпанските медиуми денес ја открија следната дестинација на Колумбиецот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, за него силен интерес покажуваат неколку клубови од Премиер лигата, но неговата желба е да се пресели во Баерн Минхен и повторно да соработува со Карло Анчелоти.
Имено, под водство на Анчелоти Хамес ја имаше најдобрата сезона во кариерата, а со заминувањето на Италијанецот тој полека почна да го губи местото во „кралскиот“ тим.
Името на Хамес е поврзувано со бројни тимови, меѓу кои и Челзи, Јувентус и Манчестер Јунајтед, меѓутоа извори блиски до фудбалерот откриваат дека тој одлучил да се пресели во Баварија.
Транферот на Колумбиецот би требало да изнесува помеѓу 55 и 60 милиони евра, што за Баерн сигурно нема да претставува проблем бидејќи во него гледаат идеален наследник на Робен.