Милан под водство на Џенаро Гатузо игра се подобро и подобро, а раководството веќе почна да работи на летните засилувања.
Спортскиот директор на „росонерите“ Масимилиано Мирабели изјави дека клубот нема намера да ги продава најдобрите фудбалери и следното лето додатно ќе го засили тимот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денес италијанските медиуми ја открија главната трансфер цел на миланскиот гигант за следната сезона, а тоа е ѕвездата на Челзи, Вилиан.
Вилиан оваа сезона добива мала минутажа кај Конте и е спремен да ја промени средината, а Милан веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Покрај Милан, интерес за Бразилецот покажува и Манчестер Јунатед, но „сините“ преферираат да го продадат во Италија, а не на директниот ривал од Премиер лигата.