Паскал Кајган поранешниот играч на Арсенал се потсети како противниците на тимот на разни начини се обидувале да ги победат.
Во сезоната 2003/2004 Арсенал гостуваше во Москва кај Локомотива, а таму добиле печека на интересен начин.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во хотелот во кој престојувале играчите на Арсенал ги дочекале десет преубави ескорт дами. Тие биле таму со цел да им создадат проблеми пред утрешниот натпревар.
„Кога дојдовме во хотелот таму не чекаа десет убави девојки кои се обидуваа да не заведат, сепак ние побрзавме во собите сами. Подоцна откривме дека тие дами биле ангажирани за нас да не уморат во текот на ноќта пред натпреварот. Натпреварот заврши 0:0, не изгубивме и ако добро се сеќавам ниту еден наш играч не наседна на трикот на Русите“, откри Кајган.
Таа сезона Арсенал испадна во четвртфиналето од Лигата на шампионите, полуфиналето од Лига Купот и ФА Купот, но ја освои Премиер лигата предводени од Арсен Венгер.