Дома Фудбал Англија Откако од Нант се заканиле со тужба поради парите за Сала се огласи претседателот на Кардиф

Откако од Нант се заканиле со тужба поради парите за Сала се огласи претседателот на Кардиф

Откако вчера беше објавено дека Нант ја побарал првата рата од Кардиф за трансферот на Емилијано Сала се огласи првиот човек на Кардиф, Мехмет Далман.

Минатиот месец Кардиф го купи Сала за рекордни 17 милиони евра (најскапо засилување во историјата на клубот) меѓутоа никогаш не го облече дресот на „сините птици“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак и покрај трагичниот настан Нант сака да ја добие договорената сума.

Вчера се појави вест дека поради задоцнувањето на ратата Нант може да го тужи Кардиф меѓутоа Далман во разговор за „Л’кип“ ги демантираше таквите информации.

„Ова е навистина чуствителна тема и ќе кажам само дека дел од информациите се точни. Не сакам ништо повеќе да зборувам. Телото се уште не е најдено и мораме да покажеме почит кон неговото семејство. Сега службите се обидуваат да го извлечат авионот и прерано е за било што друго да се зборува“, изјави Далман.

Потоа доби конкретно прашање дали ќе ја платат ратата во дадениот временски рок.

„Кардиф никогаш не кажал дека нема да плати“, одговори првиот човек на „сините птици“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…