УФЦ шампионот Кабиб Нурмагомедов доби огромна казна од половина милион долари и девет месеси суспензија за хаосот кој се случуваше после неговата борба против Конор.
Кабиб во рингот ќе може да се врати дури во јуни, но тој донесе одлука никогаш повеќе да не се бори во Невада.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ова може да е неповолно за УФЦ бидејќи борбите многу често се одржуваат токму во Лас Вегас. Покрај тоа иако неговата суспензија е девет месеци нема да се врати во кафезот додека не им истечат суспензиите на Зубаир Тухугов и Абубакар Нурмагомедов кои добија суспензија на една година.
Останува да видиме дали на оваа негова одлука ќе има реакција од УФЦ.