Дома Македонски спорт Мак фудбал Откако го реши прволигашкото дерби со непостоечки пенал Ставрев делегиран и на дербито Вардар – Воска

Откако го реши прволигашкото дерби со непостоечки пенал Ставрев делегиран и на дербито Вардар – Воска

Најдобриот македонски судија Александар Ставрев ќе суди на саботното дерби во Втората лига помеѓу Вардар и Воска Спорт, натпревар кој ќе се игра на „Железарница“ во Автокоманда од 13:30 часот.

Минатото коло Вардар со поразот од Гостивар го загуби првото место и тоа го искористи Воска која е лидер на табелата пред овој натпревар. Вардар минатата сезона двапати ја победи Воска и сега има можност со победа да се врати на лидерската позиција.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ќе потсетиме, Ставрев пред две недели беше главен судија на дербито во првата лига помеѓу Шкупи и Струга кое го „реши“ токму тој со досуден непостоечки пенал.

Натпреварот помеѓу Вардар и Воска се игра од 13:30 поради преносот на телевизијата „Спортклуб“ останатите средби се играат од 14:00 часот. Дуелот Тетекс – Слога е закажан за в недела од 13:00 часот.

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед ја плаќа клаузулата за Бремер

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…