Дома Ракомет Откажан меч на Мундијалот,Зеленортските острови немаат доволно ракометари

Откажан меч на Мундијалот,Зеленортските острови немаат доволно ракометари

Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) донесе официјална одлука за да го одложи натпреварот меѓу Германиј и Зеленортските острови, откако утрово беа констатирани уште два нови позитивни случаи со Ковид-19.

Германија ќе го добие мечот со службени 10-0. За да се избегнат интересите на двајцата Германци Дитрих Шпете и Патрик Струб, тие отстапија од натпреварувачката комисија, а нивното место го пополни Пер Бертелсен, директор на организациската комисија на ИХФ.

Зеленортската република не успеа да обезбеди најмалку десет ракометари затоа што не поминаа потребните 48 часа за двајцата позитивни ракометари да излезат од карантин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Европски викенд во Охрид: Мате бара предност пред вториот дуел со Драгунас

Охрид ќе ги одигра двата меча со литвански Драгунас пред своја публика. Доминик Мате посак…