Дома Македонски спорт Осум џудо клубови бараат вонредно Собрание на ЏФМ – имало сериозни прекршувања на законите

Осум џудо клубови бараат вонредно Собрание на ЏФМ – имало сериозни прекршувања на законите

Една третина од џудо клубовите во Македонија бараат итно вонредно Собрание на Џудо федерацијата на Македонија (ЏФМ) согласно став 2 на член 27 од Статутот на Федерацијата со единствена точка на дневен ред „гласање на доверба на органите на управување на ЏФМ – претседател, потпретседатели, членови на Извршен одбор и членови на Надзорен одбор“.

Доколку делегатите на Собранитето изгласаат недоверба на сегашното раководство, иницијаторите задолжително бараат на истата седница да се пристапи кон гласање за избор на нови органи на управување на ЏФМ.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


По констатирани низа грешки, груби прекршувања на Законот за спорт, одредбите на Статутот и правилниците на комисиите при Џудо федерацијата на Македонија, како и неисполнети ветувања, осум македонски џудо клубови, меѓу кои Сеишн и Пролетер од Прилеп, Ипон, Вардар, Кастриоти, Работнички и Суперџудо од Скопје, и Чегране од Чегране поткренаа иницијатива за свикување на вонредно собрание на Џудо федерацијата на Македонија.

Во продолжение може во целост да го видите барањето на овие клубови.

1.Членовите на Извршниот одбор на својата седница на ден 17.01.2018 година избрале генерален секретар без претходна објава на јавен оглас во најмалку три дневни весници, од кои во еден од весниците што се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик. Ваквиот избор на генерален секретар е спротивен на одредбите на член 14 од Законот за спортот и спротивно на член 47 од Статутот на ЏФМ. Со грубото кршење на законските и статурни одредби од ваша страна е оневозможено правото на учество на други лица кои би можеле да бидат кандидати. Дотолку повеќе со право се поставува прашањето дали избраниот генерален секретар како лице ги исполнува општите работни услови и предвидените услови во Законот за спортот.

2.На седницата на Извршниот одбор од 17.01.2018 година е избран спортски директор и членови на комисии и работни тела, кои се со непотполен состав (каде 2 каде 3 члена). Но видно од доставениот записник е дека никаде не е наведено кои услови треба да ги исполнуваат и какви вештини треба да поседуваат кандидатите. Оттука основано се поставува прашањето дали членовите кои учествуваат во изборот на комисиите ги исполнуваат условите предвидени во важечките правилници на овие комисии.

3.На седницата на Извршниот одбор од 02.02.2018 година по точката „разно“ требаше да се изврши избор на селектори на националните репрезентации. Но спортскиот директор во моментот немаше предлози за кандидати за сите предвидени национални џудо репрезентации ( сениори, јуниори, кадети, пионери и ветерани) и своеволно ги предложи Ѓорѓија Стојанов и Александар Фузески, наводно согласно доставената документација без претходно да објави кои кандидати поднеле пријави. Од страна на спортскиот директор не беше воопшто земена во предвид кандидатурата на Звонко Јаневски од Џудо клуб Вардар, ниту пак беше образложено кои од предвидените услови не ги исполнува кандидатот за селектор Звонко Јаневски. Ново избраниот спортски директор кој во условите за кандидирање за селектор посебно ставил акцент на постигнатите резултати, спротивно на кодексот на спортското однесување донесе одлука по слободен избор и субјективно убедување да селекторската функција ја додели на личности од џудо спортот кој ни од далеку немаат постигнати такви резултати, ни како натпреварувачи, ниту пак како тренери и уште помалку како селектори, нарушувајки го притоа вториот став од условите за пријава за селектор. На оваа седница по предлог на претседателот и спортскиот директор се гласаше да бидат избрани за селектори Александар Фузески и Ѓоргија Стојанов, но гласањето беше поништено од страна на претседателот токму поради некомплетноста на предлогот на спортскиот директор за селектори на сите национални репрезентации.

4.Но, тука и не завршува оваа приказна, од страна на Ѓорѓија Стојанов веќе има самопрогласување за избран нов селектор на Македонската џудо репрезентација пионери во конкуренција на неколку реномирани стручњаци од џудо спортот според наводите од 10.02.2018 година од интернет порталите, социјалните мрежи и неговиот ФБ профил и покрај тоа што видно од записникот на состанокот на Извршниот одбор од 02.02.2018 година гласањето за избор на селектори беше поништено и изборот на селектори е оставен за гласање на наредниот состанок на Извршниот одбор. Истакнуваме дека лажното претставување за избран селектор на националната џудо репрезентација претставува кривично дело согласно член 391 од Кривичниот законик и како такво не смее да биде дел од програмата за унапредување на џудо спортот во Република Македонија. ( Доказ изводи од порталите „Јави се јужна. мк“ „Ипон.мк“ „Струга он лајн“).

5.Ниту претседателот, ниту членовите на Извршниот одбор, ниту пак спортскиот директор на ваквото лажно претставување не вложија демант од што основано може да се заклучи дека станале соучесници во лажното претставување, односно даваат подршка во вршење на кривичното дело лажно претставување.

6.На ден 17.02.2018 година во Струга е одржан е семинар за лиценцирање на џудо тренери и џудо судии за 2018 година но од известувањето дадено од Ѓоргија Стојанов не може со сигурност да се утврди кој ги лиценцирал присутните кандидати од причини што: Судиска комисија се уште не е формирана и некомплетна е Комисијата за образование, едукација и лиценцирање на џудо тренери, без присуство на лице од Факултетот за физичко обрзование спорт и здравје, нешто што е во спротивност со член 2 од Правилникот за образование, едукација и лиценцирање на џудо тренери.

Во дописот, покана за семинарот на организоторот Џудо клуб Дрим од Струга е наведено дека раководител на семинарот ќе биде експертот Габриел Сапта, што е во спротовност со член 1 и член 2 од Правилникот за образование, едукација и лиценцирање на џудо тренери. На овој начин се прави грубо дискредитирање на Комисијата за образование, едукација и лиценцирање на џудо тренери и грубо прекршување на одредбите од член 12 од постоечкиот Правилник, каде што е наведено дека сите тренери на ЏФМ мораат да имаат дозвола за работа и лиценца, како и да ги остваруваат своите права и обврски кои призлегуваат од Законот за спортот и Правилникот за образование, едукација и лиценцирање на џудо тренери. Понатаму во член 26 од Правилникот е наведено дека исполнувањето на условите за издавање на лиценца за џудо тренери ги утврдува Комисијата за образование, едукација и лиценцирање на џудо тренери, а лиценцата ја издава и потпишува претседателот на ЏФМ. Но, претседателот не смее да потпише сертификат без да добие извештај (записник) за исполнувањето на условите од Комисијата.

7.Членовите на Комисијата за регистрација на џудо клубови и натпреварувачи во неколку наврати праќаат неусогласени и контрадикторни известувања. И тоа секој член поединечно, без притоа да се почитуваат известувањата од претседателот на Комисијата. Истовремено, членовите на оваа комисија без претходно донесена одлука од Извршниот одбор на ЏФМ, истите изготвуваат паралелна мејл адреса на која наложуваат да има се пуштаат официјални податоци. Истакнуваме ЏФМ има само една официјална мејл адреса и точно се знае кој може да ја отвара, да пишува и чита пораки кои подоцна се архивираат согласно одлуката за електронска комуникација помеѓу Федерацијата и клубовите, која е официјална и јавно објавена.

8.Во врска со заклучокот и рокот за разгледување и приложување на забелешки во врска со предлог дополнувањата на правилниците и предлозите за нови правилници кои беа доставени до клубовите на 23.01.2018 година со даден рок за изјаснување и забелешки од 15 дена, со што крајниот рок за изјаснување требаше да биде на ден 07.02.2018 година. Но, спротивно од сето, ова разгледувањето на забелешкие од страна на Извршниот одбор на ЏФМ беше ставено на дневен ред за 02.02.2018 година. Со вакво скратување на рокот за давање приговори и забелешки е одземено правото на темелно разгледување и посочување на забелешките од страна на клубовите од каде што основано произлегува дека Извршниот одбор самоволно и со умисла на брзина да ги донесе правилниците, а со цел да се направи хаос и притисок за брзо спроведување на измените, кои, како што нагласивме во нашите коментари, се спротивни на Статутот и Законот за спортот.

9.На состанокот на Извршниот одбор на 02.02.2018 година се донесе заклучок да се формира работна комисија која што ќе ги разгледа предлозите за измените и дополнувањата на Правилникот за регистрација на џудо клубови и натпреварувачи во ЏФМ и Правилникот за образование, едукација и лиценцирање на џудо тренери, како и да бидат разгледани предлозите за донесување Правилник на Комисијата за прием на клубови и Правилникот за работата на стручниот соработник. Рокот за пријавување на членовите на работната група да биде до 07.02.2018 година и дека работната група ќе биде избрана од Извршниот одбор по електронски пат. Повеќе клубови навремено доставија предлози на кандидати. Но и по повеќе од 15 дена од страна на Извршниот одбор не е донесена одлука и не е формирана работна група.

10.И покрај тоа што длабоко навлегуваме во крајот на првото тромесечје од 2018 година Календарот со активности на ЏФМ се уште не е донесен, ниту пак се избрани технички организатори за престојните државни првенства.

11.На изборното Собрание одржано на ден 24.12.2017 година од новоизбраниот претседател на ЏФМ јавно пред делегатите е дадена изјава дека за 15 дена ќе биде доставен план и програма за развој на џудо спортот и дека ќе биде обезбеден стабилен спонзор. Потоа дека е разговарано со уште неколку спонзори, за кои требаше да бидеме иформирани во рок од 15 дена. Но, иако поминаа повеќе од 2 месеца, од страна на претседателот не е доставено ништо, освен празни ветувања дека работите се одвиваат, наводно, во интерес на ЏФМ и сите џудо клубови.

Од погоре изнесените факти основано се заклучува дека за само два месеца раководење со ЏФМ од ваша страна се направени груби прекршувања на одредбите на Законот за спртот, одредбите на Статутот и правилници на комисиите при ЏФМ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…