Дома Македонски спорт Мак фудбал „Осум години не го славам мојот роденден туку тагувам за Петар Милошевски“

„Осум години не го славам мојот роденден туку тагувам за Петар Милошевски“

Актуелниот тренер на Пелистер Марјан Секуловски имаше емотивна објава на социјалните мрежи во која потенцираше дека веќе осум години не го слави својот роденден затоа што е на ист датум со загинувањето на македонската фудбалска легенда Петар Милошевски.

Милошевски трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово во судир на автимобилот во кој беше совозач на поранешниот прв човек на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Драги мои пријатели ,

Ви благодарам на сите вас за вашите прекрасни честитки за мојот роденден .Пред  осум години на 13.03.2014 на денот на мојот роденден во сообраќајна несреќа го изгубив  мојот другар и брат , ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ . Oд почит кон ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ на овој ден 13.03. јас не го славам мојот роденден туку тагувам за мојот другар и брат . Никогаш нема да те заборавам , ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ !!!“, стои во објавата на Секуловски на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…