Џихадист од Исламска држава планирал да изврши бомбашки напад со дрон на стадионот „Ноу Камп“ за време на големото шпанско дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид.
За среќа терористот бил фатен од полицијата, и е експресно осуден на три години затвор, пренесува „Франс прес“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, џихадист од Исламска држава пред две години планирал да изврши напад на „Камп Ноу“ со дрон полн со експлозив. Неговиот план не се остварил затоа што првенството беше прекинато од март до јуни.
Во судските документи не е наведено на кој датум требало да се изврши чинот. Тогаш шпанското првенство беше суспендирано поради пандемијата.
За да не биде откриен од полицијата тој ја затворил својата сметка на социјалната мрежа на 23 април, но повторно отвори друга со поинаков идентитет и се обучувал за контрола на дрон преку видео упатства.
Планот бил дронот однадвор да долета и да експлодира кога ќе влезе на најголемиот стадион во Европа. За среќа таквата трагедија е избегната.