Дома Фудбал Англија Останатите клубови бараат само една казна, ако Сити се покаже како виновен

Останатите клубови бараат само една казна, ако Сити се покаже како виновен

Конкурентите на Манчестер Сити во Премиер лигата веќе имаат став која казна ќе биде адекватна за „граѓаните“ во случај да се покаже дека се виновни за обвиненијата за финансиски малверзации.

Според „Сан“ останатите клубови ќе бараат исфрлање на Манчестер Сити од Премиер лигата.

Притоа, останатите клубови бараат прашањето да биде решено што е можно побрзо и евентуалната казна да биде изречена до крајот на актуелната сезона.

„Ако овие обвиненија бидат докажани, има само една адекватна казна – да бидат исфрлени. Веќе со децении зборуваме за најстроги казни за злоупотреби, па Премиер лигата мора да постави правилно“, изјави еден од директорите во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ништо од големо засилување за Спалети: Поранешниот фудбалер на Милан нема да потпише за Јувентус

Утрово заврши една од големите летни саги откако познатиот африкански фудбалер Франк Кеси …