Дома Останати Кошарка НБА Осман и Кливленд немоќни пред чудесниот Дончиќ, дербито за Клиперси, супер вечер и за Јокиќ (ВИДЕО)

Осман и Кливленд немоќни пред чудесниот Дончиќ, дербито за Клиперси, супер вечер и за Јокиќ (ВИДЕО)

Кошаркарите на Далас вчера на свој паркет го декласираа Кливленд со 141:101.

Кливленд во Далас доживеа катастрофа иако во првата четвртина изгледаа навистина добро на паркетот. Резултатот после првата четвртина беше 29:26 за Далас, а во втората гостите започнаа да се распаѓаат.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Далас играше одлично и после првото полувреме имаше предност од 66:42..

После третата четвртина Далас имаше повеќе од 40 поени разлика и веќе тогаш беше јасно дека на Кливленд им се заканува катасторфа. Тие се обидуваа во продолжение да го ублажат поразот, но не успеаа и Далас славеше со 42 поени разлика со резултат 143:101.

Најефикасен во победата на Далас очекувано беше Лука Дончиќ кој постигна 30 поени и додаде уште 14 асистенции и седум скокови. Во домашниот тим се истакна Џастин Џексон со 19 поени и 6 скокови.

Кога во прашање е Кливленд тука најдобар беше Дариус Гарланд со 23 поени, додека 18 поени додаде Чеди Осман.

13-та победа сезонава запишаа ЛА Лејкерси кои на гости славеа против Оклахома со 130:127. Лејкерси до победата ги предводеше Ентони Дејвис со 33 поени, 11 скокови и 7 асистенции, додека Леброн го заврши натпреварот со 23 поени, 14 асистенции 6 скокови.

Во дербито од вчерашната програма ЛА Клиперси на свој терен го победија Хјустон со 122:119. Најдобар во победничкиот тим беше Лу Вилијамс со 26 поени, Ленард уфрли два помалку. Кај Хјустон Џејмс Харден го заврши натпреварот со 37 поени, 12 асистенции и 8 скокови.

Денвер успеа да слави против Бостон со 96:92, а супер натпревар одигра српскиот кошаркар Никола Јокиќ. Јокиќ запиша трипл-дабл со 18 поени, 16 скокови и 10 асистенции. Поентерски кај Денвер најефикасен беше Мареј со 22 поени, 6 скока и 5 асистенции.  На спротивната страна Браун дојде до учинок од 22 поени, 10 скока и 4 асистенции.

НБА резултати

Детроит – Атланта 128:103

Вашингтон – Шарлот 125:118

Бруклин – Сакраменто 116:97

Чикаго – Мајами 108:116

Оклахома – Лејкерси 127:130

Филаделфија – Сан Антонио 115:104

Далас – Кливленд 143:101

Денвер – Бостон 96:92

Јута – Голден Стејт 113:109

Клиперси – Хјустон 122:119

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Без  изненадувања  во Аглија,  Манлестер Сити е шампион🎥

Манчестер Сити не дозволи изненадување  и во последото коло го победи Вест Хем со 3:1за од…