Дома Фудбал Османи вети награда: Ако ја победите Португалија сите ќе добиете дипломатски пасоши!

Османи вети награда: Ако ја победите Португалија сите ќе добиете дипломатски пасоши!

Денес од министерот Османи дипломатски пасоши добија селекторот Благоја Милевски и репрезентативците Александар Трајковски и Енис Барди, а Османи најави награда за цела репрезентација ако ја победат Португалија.

Османи вети дека сите членови на македонската репрезентација ќе добијат дипломатски пасоши ако ја победат Португалија и се пласираат на Светското првенство.

„Ако победат против Португалија сите членови на репрезентацијата ќе добијат дипломатски пасоши“, порача Османи.

Македонија бараж натпреварот против Португалија го игра во вторник од 20:45 часот.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливаја во нова улога, Хајдук добива пофалби: Најдобар состав во последните години?

По убедливите 5:0 против Горица, Ведран Јеше го пофали составот на Хајдук, а потегот на Га…