Во зимскиот преоден рок во 2017 година најголемото изненадување го приреди Бразилецот Оскар кој го напушти Челзи во моментите кога играше фантастичен фудбал и се пресели во Кина.
Оскар не размислувал многу за понудата и никогаш не ја криеше причината поради која се пресели во Кина. Трансферот тогаш изнесуваше околу 60 милиони евра, додека Оскар си обезбеди 20 милиони евра годишна плата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Кина има неверојатна финансиска моќ и некои понуди не можете да ги одбиете. Доаѓам од сиромашно семејство, ова се плодови на мојата работа и поради таквиот договор се чувствувам како победник. Не сакам во староста да бидам сиромашен и да живеам од сеќавања“, изјави Оскар.
Денес Оскар е во Шангај Порто и има договор уште три години. Во 161 настап за кинескиот тим има 48 голови и 90 асистенции, а ја освои и титулата шампион во 2018 година, како и купот една година потоа.