Напаѓачот на Наполи и најдобар стрелец во Серија А, Виктор Осимен е на добар пат да го продолжи договорот со италијанскиот шампион.
Осимен блесна оваа сезона и со своите настапи му донесе Скудетото на Наполи, но и интерес од многу европски гиганти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наполи не сакаше да слушне за продажба за сума под 150 милиони евра и веднаш се обиде да го „блиндира“ со нов договор.
Последните информации од Апенините се дека двете страни постигнале договор за продолжување на соработката.
Осимен ќе стави потпис на нов договор до 2027 година и ќе добие значително зголемување на платата па по сезона ќе заработува 6,5 милиони евра плус бонуси.
Тоа значи дека Осимен следната сезона сигурно останува во Наполи во обид да ја одбрани шампионската титула.
#Napoli are pushing to lock Victor #Osimhen with the contract extension until 2027: ready an important increase in salary to €6,5M/year + bonuses. A release clause( valid from July 2024) could be included in the deal. #transfers
— Nicolò Schira (@NicoSchira) July 4, 2023