Дома Фудбал Останато Освои Светско првенство, играше финале во ЛШ, а денес…Се сеќавате ли на овој човек?

Освои Светско првенство, играше финале во ЛШ, а денес…Се сеќавате ли на овој човек?

groskrojc1

Пред само три години години стигна до титулата на Светското првенство со репрезентација на Германија, а денес…

Се сеќавате ли на Кевин Гроскројц? Да, беше познат како проблематичен фудбалер, ретко кога ги почитуваше клупските кодекси, а цената на тоа ја наплати кога стана условно кажано зрел играч.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Израсна во Рот Вајс Ахлен, од каде што го доведе Борусија Дортмунд во 2009 година, Со Гроскројц во тимот Борусија Дортмунд освои две титули во Бундеслигата, играше во финалето од Лигата на шампионите, после што пропадна и денес ретко кој се сеќава на него.

groskrojc

Има 29 години, а во 2015 година неговата кариера тргна во надолна линија.

Неговите проблеми започнаа надвор од теренот, не се залагаше на тренинзите и натпреварите, па беше прекомандуван во вториот тим на Борусија, а потоа се обидуваше да ја спаси кариерата во Галатасарај.

Но, во турскиот гигант запиша само еден лигашки настап. Се врати во Германија во тимот на Штудгарт, а токму тука го допре дното. Западна во проблеми после едно вечерно излегување, потоа клубот го „почасти“ со исписница.

Тогаш не сакаше да има повеќе ништо со фудбалот, а тоа го кажа и на простувањето со клубот кој тогаш се натпреваруваше во втората лига. Сепак и покрај најавите тој не ја заврши кариерата.

Во овој момент тој е член на Дармштад каде што сеуште го чека своето деби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ спреми богати понуди за две ѕвезди од Серија А

ПСЖ веќе ја започна потрагата по замена за Килијан Мбапе, кој ова лето ќе го напушти клубо…