Дома Фудбал Лига на шампиони Она што вчера и успеа на Барселона не го направил ниту еден друг клуб во Лигата на шампионите

Она што вчера и успеа на Барселона не го направил ниту еден друг клуб во Лигата на шампионите

Барселона вчера го победи Интер со 2:0 иако беа без својата прва ѕвезда Лионел Меси.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Токму човекот кого го менуваше Меси, Рафиња го постигна првиот погодок, а така и го запиша своето име во клупската историја.

Имено, Рафиња е 78-тиот играч кој постигнал гол за Барселона во форматот каков што денес се игра Лигата на шампионите.

Ова е навистина импресивен податок ако се знае дека ниту еден друг клуб нема толкава разновидност на играчи како Каталонците.

Барселона така после победата против Интер е лидер во групата со девет освоени бодови, второпласирани се „нероаѕурите“ со три бода помалку.

https://www.youtube.com/watch?v=KILLVRC5uAQ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Јувентус си договори засилување за 22 милиони евра!

Италијанските медиуми денес известуваат за сигурен трансфер на колумбискиот дефанзивец Џон…