Дома Фудбал Репрезентации Онана на само 26 години објави крај на репрезентативната кариера

Онана на само 26 години објави крај на репрезентативната кариера

Андре Онана иако има само 26 години одлучи да не брани повеќе за Камерун.

Онана предвреме го напушти Светското првенство откако се скара со селекторот. Сега тој објави дека за него репрезентативната кариера е завршена.

Ќе потсетиме, Онана репрезентацијата ја напушти пред вториот натпревар кој требаше Камерунците да го играат против Србија.

Информациите кои се појавија во медиумите беа дека голманот не се согласувал со селекторот и не сакал да брани, па за него Светското првенство заврши порано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ламин Јамал го сруши рекордот на Винисиус

Ламин Јамал го избра стадионот на Севилја за да додаде ново импресивно достигнување во нег…