Дома Фудбал Германија Оливер Кан: Незамисливо е Баерн да го купи Халанд

Оливер Кан: Незамисливо е Баерн да го купи Халанд

Трансферот на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд сигурно ќе биде главна тама ова лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Норвежанецот одигра уште една фантастична сезона и е на мета на многу европски клубови, но сумата за трансферот ќе биде астрономска.

Поради тоа директорот на Баерн, Оливер Кан тврди дека во моментов е невозможно Баварците да го ангажираат Халанд.

„Тој што зборува за трансфер на Халанд не ја разбира ситуацијата. „Пакетот“ околу Халанд, како што слушнавме, чини преку 100 милиони евра и како таков во моментов е незамисливо за Баерн“, изјави Кан.

„Пред година и половина кога влегов во Управниот одбор финансиската ситуација беше поинаква. Сега мора внимателно да трошиме и да бидеме паметни во иднина“, додаде Кан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Поради Светското првенство стана хит на Инстаграм, а сега направи трансфер на кариерата!

Новозеландскиот фудбалер Тим Пејн, кој стекна голема популарност откако еден аргентински и…