Доминик Ливаковиќ е вистински херој кај Хрватска откако оваа селекција стигна во полуфиналето каде што денес ќе игра против Аргентина.
Ливаковиќ во пенал рулетот против Јапонија одбрани три пенали, а потоа беше одличен и во текот на целиот натпревар против Бразил каде што исто така одбрани пенал во пенал серијата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во овој момент Ливаковиќ го чува на клубот на нашите репрезентативци, Аријан Адеми и Стефан Ристовски. Со одличните настапи Ливаковиќ придонесе веднаш да се најавува негов голем трансфер.
Се поврзуваше Ливаковиќ и со Баерн Минхен, а сега се огласи и легендарниот Оливер Кан.
„Човекот кој ќе го запре Бразил секогаш ќе биде херој за мене. Тоа е нешто многу лично од 2002 година. Хрватите се многу компетентна и обучена екипа. Можат да ја победат Аргентина. Ливаковиќ ги заслужува сите пофалби. Еден таков голман мора да брани за врвен клуб. Не се сомневам дека ќе биде така“, изјави Оливер Кан.
Вечерва Хрватска игра против Аргентина во полуфиналето на Мундијалот во терминот од 20:00 часот.