Томас Милер е икона на Баерн Минхен и тешко може да се замисли овој тим без својата „25-ка“, но во последно време се најавуваше дека ќе си замине.
Милер целата своја кариера ја помина во Баерн, но со доаѓањето на Томас Тухел падна во втор план. Поради таквата ситуација се појавија гласини дека Милер би можел за првпат во кариерата да ја промени средината.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сепак, легендарениот Оливер Кан кој во Баерн извршува улога на спортски директор порача дека тоа нема да се случи.
„Тоа нема да се случи. Дури и Милер да сака да замине, јас би го запрел“, изјави Кан за „Билд“.
Според германските медиуми, Милер има понуди од САД и Саудиска Арабија.
„Томас е во форма, никогаш не е повреден и има неверојатен карактер. Тој е важен за целата структура на Баерн. Сигурен сум дека ќе одигра уште многу натпревари за нас“, додаде Кан.