Досегашниот предводник на Металург 2, Оливер Димитриоски, е нов тренер на РК Прилеп. По решавањето на финансиските проблеми што го доведоа во прашање и настапот на прилепскиот клуб во Супер лигата, дојде до промена и на клупата.

РК Прилеп ја заврши соработката со Ице Соколески кој во иднина ќе му биде помошник на Илија Темелковски на клупата на Еурофарм Работник, а на негово место сега е ангажиран Димитриоски.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Оливер Димитриоски во изминатите сеудм години беше дел од Металург, сезонава го предводеше Металург 2 и работеше со младинските селекции во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Кавадарци не спиеше: Фудбалерите на Тиквеш пречекани како херои 🎥

Вчера на Арената „Тодор Проески“ во Скопје беше одиграно финалето во Купот на Македонија п…