Раководството на Манчестер Јунајтед го одложија почетокот на реновирањето на стадионот „Олд Трафорд“ и тоа поради менаџерот Жозе Мурињо.
Се очекуваше работата на стадионот наскоро да започне, но менаџерот на „црвените ѓаволи“ побарал финансиски средства за нови засилувања, па раководството на клубот одлучи дека тимот сепак е поважен и средствата за нови играчи на Португалецот ќе му бидат одобрени.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Од доаѓањето на „Олд Трафорд“ Мурињо потроши 300 милиони фунти. Меѓутоа тој сака дополнително да го засили тимот и има за цел да доведе еден централен играч за врска и десен бек.
Клубот одлучи да му излезе во пресрет, па реновирањето на „Олд Трафорд“ ќе мора да почека бидејќи секако резултатите се многу поважни.
Со Јунајтед веќе сега се поврзуваат големи имиња на европскиот фудбал, а кој ќе го облече дресот на клубот од „Театарот на соништата“ ќе видиме во текот на летото.