Сагата околу Месут Озил конечно заврши откако вчера и официјално го комплетираше трансферот во Фенербахче.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Доста се шпекулираше овие денови околу деталите на трансферот на Озил, а денес Фенербахче според турските закони јавно ги објави сите финансиски детали.
Веројатно најголемо изненадување е дека Месут Озил нема за заработи ниту едно евро до крајот на сезоната! Наместо плата Озил добил бонус од 550.000 евра при потпис на договорот.
Од лето Озил ќе има тригодишен договор според кој ќе заработува 3 милиони евра по сезона. Што се однесува до трансферот, Фенербахче нема да плати ништо, но Арсенал може да добие бонуси до 1,7 милиони евра во зависност од настапите на Озил.