Агентите на Месут Озил оствариле контакт со раководството на Јувентус и му го понудиле играчот на италијанскиот гигант, пренесува „Тутоспорт“.
Италијанскиот шампион сака да се засили во зимскиот преоден рок, а приоритет е креативен играч за врска.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Озил не влегува во плановите на тренерот Артета, па Арсенал е спремен да го пушти во јануари без обештетување, за да се ослободи од неговата висока плата.
Артета уште во летото му порача да си бара нов клуб, но Озил не сакаше да замине бидејќи ниту еден друг клуб не е спремен да му дава толку висока плата.
Сега се чека одговор од Јувентус, а весникот тврди дека Озил е спремен да прифати помала плата за да потпише за „старата дама“.
#Özil si propone alla #Juve: contatto ⬇️ https://t.co/7QG1tLAABF
— Tuttosport (@tuttosport) December 27, 2020