Дома Фудбал Останато Озил откри како Анчелоти го налутил Роналдо: Беше бурно во соблекувалната, Роналдо полуде!

Озил откри како Анчелоти го налутил Роналдо: Беше бурно во соблекувалната, Роналдо полуде!

ozil

Oд времето кога беа соиграчи во Мадрид…

Фудбалерот на Арсенал, Месут Озил ја минува својата шеста година во дресот на Арсенал откако во 2013 година пристигна од Реал Мадрид за сума од 45 милиони евра.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Многумина беа изненадени од ваквата одлуката на „кралевите“, но тогашниот тренер на Реал, Карло Анчелоти не веруваше премногу во Германецот.

Тоа прилично го налутило Кристиано Роналдо.

„Кога Роналдо слушна за тоа, полуде! Беше многу лут на Анчелоти на кого му кажа дека ние двајца најдобро соработуваме на теренот и дека јас најдобро го разбирам на теренот. Во соблекувалната беше навистина бочно. Меѓутоа, Анчелоти не кажа ништо, а јас добив ветување од Арсен Венгер дека ќе бидам стандарден“, откри играчот за врска на Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гундоган го критикуваше трагичарот на Барса, а тој му одговори: Подобро да не кажувам што мислам

Барселона беше иелиминирана од ПСЖ во четвртфиналето на Лигата на шампионите и покрај тоа …