Македонската репрезентација вечерва игра натпревар против Португалија во Порто во кој ќе се обиде да се избори за пласман на Светското првенство.
Португалија е фаворит, но беа и Италија и Германија пред една година, па знаеме како поминаа..Она што е заедничко за Италија и Германија е тоа што двата натпревари ги игравме во март, а ако погледнеме наназад оваа Македонија блеска во март од 2017 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено од 2017 година до денес македонската репрезентација во март одиграла 10 натпревари и во нив имаме само еден пораз, оној од Романија со 3:2 кога несреќно бевме поразени. Во тие 10 натпревари имаме уште шест победи и три нерешени натпревари со гол разлика 21:7.
НАТПРЕВАРИ ВО МАРТ: (2017) Лихтенштајн – Македонија 0:3, Македонија – Белорусија 3:0, (2018) Финска – Македонија 0:0, Азербејџан – Македонија 1:1, (2019), Македонија – Летонија 3:1, Словенија – Македонија 1:1, (2021), Романија – Македонија 3:2, Македонија Лихтенштајн 5:0, Германија – Македонија 1:2 (2022) Италија – Македонија 1:2…
Фото: Димитар Петковски