Дома Фудбал Од Јувентус вчера се простуваше легегендарниот Андреа Брзаљи (ВИДЕО)

Од Јувентус вчера се простуваше легегендарниот Андреа Брзаљи (ВИДЕО)

Јувентус на величенствен начин ги испрати Андреа Брзаљи.

Во 60-тата минута од вчерашниот натпревар против Аталанта Брзаљи и кажа збогум на „старата дама“ и доби големи овации од трибините.
Солзите беа неизбежни. Соиграчите му посакаа среќа, како и навивачите кои му посветија посебна парола.

„Grazie campione“, беше пораката од трибините за Брзаљи.

Брзаљи во Торино пристигна во 2011 година и беше дел од познатото три со Бонучи и Киелини.

За Брзаљи ова беше негов 281-ви натпревар во кариерата за Јувентус, а постигна и два гола во црно-белиот дрес.

Со Јувентус осум години во низа ја освојуваше Серија А, вкупно со „старата дама“ собра 13 трофеи.

 

.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пројковска на европска задача: во Лондон ќе го води дуелот Арсенал – Бенфика

Ивана Пројковска е назначена за главна судијка на средбата од третото коло во женската Лиг…