Дома Македонски спорт Мак фудбал Од Шкендија лути на ФФМ – клубот се огласи со соопштение до јавноста

Од Шкендија лути на ФФМ – клубот се огласи со соопштение до јавноста

Екипата на Шкендија која неодамна ја обезбеди титулата во македонското првенство се закани со бојкот поради емисијата „Куќа на Фудбалот“.

Имено, во емисијата „Куќа на Фудбалот“ гостуваа Костадин Захов и Благоја Тодоровски.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Револтирани од зборовите на водителот на емисијата Златко Андоновски кој е портпарол на ФФМ, од Шкендија се заканија дека во иднина ниту еден нивни член нема да седне на иста маса со Андоновски.

Во продолжение ви го пренесуваме комплетното соопштение од ФК Шкендија.

„ФК Шкендија пишува нова славна страница на нејзината историја, бидејќи веќе ја обезбедивме шампионската титула и се наоѓаме во финалето на Купот на Македонија. Ние сме свесни дека нашите успеси не можат да бидат прифатени со задоволство од сите и јасно гледаме како одредени медиуми бараат нашиот успех да го засенат на различни начини. Ние никогаш не сме го направиле и ниту имаме намера да се справиме со оние кои не имаат како „трн во око“, но во исто време на никаков начин нема да толерираме некој да не навреди нас како клуб и Албанците како нација.

Причината на оваа реакција е последната емисија “Куќа на Фудбалот” (22.04.2018), продуцирана од ФФМ, предводена од портпаролот на федерацијата Златко Андоновски и емитувана на ТВ 24.

Недозволиво е на денот кога Шкендија математички ја обезбеди шампионската титула, за Андоновски (најверојатно и за неговите нарачатели) поважни се други теми, ставајќи ги гостите (играчите на Шкендија, Благоја Тодоровски и Костадин Захов) во позиција како да се седнати пред суд во очекување на одлуката за казнување, со ограничени права на нивно мислење. Се уште не можеме да ја разбереме причината за таквата “појава” и позицијата во која Андоновски се стави самиот себеси, па ФФМ и нашите играчи? Осудувајќи го остро буквално секое прашање на националистичкиот модератор, а речиси ниту едно прашање не беше поврзана со титулата освоена од Шкендија, јавно ја прашуваме Фудбалската федерација на Македонија и самиот Андоновски на кого му се обраќат со термот “индианци“? Јавно прашуваме зошто последната скандалозна емисија сè уште не е објавена на официјалниот Јутјуб канал?

Како може ФФМ да дозволи еден некултурен човек со толку плитка интелигенција да се појави јавно на скандалозен начин, дури и со користење на изразот “измислен” од страна на претходната влада на Македонија, а која знаеме каков крај имаше?! Дали ФФМ и Андоновски забораваат дека од Шкендија земаат репрезентативци во сите селекции? Со каква логика ФФМ и Андоновски мислат да организираат прес-конференција пред финалето на Купот меѓу Шкендија и Пелистер? Со кој образ Андоновски мисли да седне на иста маса со нашиот тренер и капитен, кога јавно ги навредува во обид да заштити нешто што нема потреба за да биде заштитено?

Ние од ФК Шкендија од овој момент јавно посочуваме дека ниту еден претставник од нашиот клуб нема да седат до Андоновски, па сега од ФФМ нека размислат за тоа како да ја решат оваа ситуација!

ФФМ и Андоновски должат јавно извинување до гостите во емисијата Костадин Захов и Благоја Тодоровски, како и до ФК Шкендија и сите Албанци.

Ние никогаш нема да одиме напред додека не најдеме искреност во себе, бидејќи ФФМ алудира на ангажирање за елиминација на национализмот, а истовремено дозволува самите вработени во федерацијата да го произведат тоа“,

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар се засили со дефанзивецот Пинтер

Вардар започна со засилувања за пролетниот дел од сезоната. Нов играч на најтрофејниот мак…