Дома Македонски спорт Мак фудбал Од Чаир на Тајланд: Фреди Алварез има нов клуб!

Од Чаир на Тајланд: Фреди Алварез има нов клуб!

Фреди Алварез сигурно ќе остане запаметен како еден од најдобрите странци кои биле дел од Првата македонска фудбалска лига, но по завршувањето на сезоната одлучи да си замине од Шкупи.

Сега Костариканецот е промовиран и во неговиот нов клуб, станува збор за БГ Патум Јунајтед од Тајланд, тим кој заврши на средината табелата од ова првенство во изминатата сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Трансферот на Алварез, тимот го потврди на своите социјални мрежи. Дресот на Шкупи, Алварез го носеше од сезоната 2020/2021 годсина и стигна до титулата во ПМФЛ, а стаистички беше најдобриот играч за врска во првенството. Во изминатата сезона на 29 натпревари постигна десет гола и подели 20 асистенции.

Со новиот предизвик, Алварез ќе стартува во август кога во Тајланд започнува новата сезона, а ќе игра и квалификациите за плеј-оф во Азиската Лига на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Интер пронајде голман за кој ќе плати 20 милиони евра

Додека екипата на Интер убедливо стигна до титулата шампион на Италија, раководството на к…