Дома Топ вести Од тага и конфузија до среќа, па повторно солзи – конечно Лопетеги се огласи за Шпанија и Реал Мадрид!

Од тага и конфузија до среќа, па повторно солзи – конечно Лопетеги се огласи за Шпанија и Реал Мадрид!

За прв пат од заминувањето во Реал Мадрид, Јулиен Лопетеги се огласи во јавноста.

Тешко дека 2018 година можеше да биде повеќе турбулентна за Јулиен Лопетеги.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Искусниот стратег минатата година доживеа различни емоции – од тага, па конфузијата кога ја напушти репрезентацијата на Шпанија, преку големата среќа на промоцијата за шеф на стручниот штаб на Реал Мадрид, па назад до тага кога после три месеци заработи отказ од клупата на Реал Мадрид.

Да почнеме од почеток и тие клучни ноќи кога целата приказна започна – на само два дена пред почетокот на Светското првенство во Русија.

Лопетеги тогаш само сакаше да го симне притисокот од тимот и со објавата дека седнува на клупата на Реал стави крај на шпекулациите. Се надеваше на добар одговор во шпанскиот сојуз и дека ќе му дозволат да си го заврши започнатото и да се обиде Шпанија да ја одведе до светскиот рон. Меѓутоа заврши неславно Фудбалскиот сојуз на Шпанија го отпушти Лопетеги после објавата дека станува тренер на Реал Мадрид.

„Ситуацијата со Реал едноставно се случи. Не можев да го бирам тајмингот, но знаев дека Мундијалот е моја одговорност и не би било искрено и чесно од моја страна ако ја криев оваа информација цел месец. Сметав дека најдобро е да излезам пред новинарите и да им ја соопштам одлука, дури и играчите реагираа одлично, но претседателот мислеше поинаку“.

Лопетеги ги опишува и емоциите кога седна на клупата на Реал.

„Не можев да спијам, не знав каде сум. Еден ден си во Русија се спремаш за Светското првенство, а другиот ден си на „Сантијаго Бернабеу“ со друг тим. Се се случи многу брзо, емоциите работеа. Човек сум и тешко е да се контролирате во такви ситуации“.

Меѓутоа после само неколку месеци на 29-ти октомври после поразот од Барселона 1:5 „кралевите“ го отпуштија Лопетеги.

„Добро започнавме но влеговме во криза и имавме три недели лоши резултати. Во тие моменти само се надеваш дека ќе имаш доволно време да пронајдеш решение, тие работи се средуваат во текот на сезоната, бев сигурен дека и тоа ќе помине. Меѓутоа едноставно немав доволно време“, изјави Лопетеги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…