Поминаа два дена од натпреварот со Работнички во 27. коло во кое Струга Трим Лум и Работнички одиграа реми 1:1, но во таборот на Стружани се уште се гневни на судијата Марјан Гоцевски.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Од Струга денес објавија видео во кое се прикажани неколку моменти од натпреварот, а во соопштението истакнуваа дека ваквото судење е срамно.
„Нашиот клуб и официјално реагираше до надлежните за неправдите кои ни беа нанесени од страна на судијата Марјан Гоцевски на последниот првенствен натпревар против Работнички. Судењето беше срамно и пристрасно. Во видеото можат да се видат три моменти во кои сме оштетени. И покрај ова што ни се случува ние продолжуваме со кренати глави“, стои во реакцијата од Струга.