Дома Фудбал Останато Од следната сезона започнува Конференциска лига

Од следната сезона започнува Конференциска лига

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го избра името за новото клупско натпреварување кое ќе започне од сезоната 2020/21.

Имено, покрај Лигата на шампиони и Лига Европа ќе започне уште едно натпреварување кое ќе се вика Конференциска лига, открива германскиот весник „Билд“.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Новото натпреварување и Лига Европа ќе имаат ист формат – осум групи со по четири клуба од кои победниците одат во нокаут фазата.

Пред групната фаза ќе има плеј-оф за второпласираните од групата со третопласираните од Лига Европа. Идејата е бројот на клубови во Лига Европа да се намали од 48 на 32, а остатокот да се префрли во Конферециската лига.

Победникот од ова ново европско натпреварување ќе се пласира директно во Лига Европа следната сезона. Клубовите во ова натпреварување ќе поделат 240 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Може ли Баер да го сруши рекордот на Селтик од 1916 година?

Баер Леверкузен и официјално изминатиот викенд ја потврди титулата во Бундеслигата со побе…